На вчерашната трибина на СДСМ, во Дом на култура “Григор Прличев” – Охрид, во првите редови седеа луѓе што ја злоупотребија партиската функција за исклучиво свои приватни цели:
Поранешен пратеник и претседател на Државна изборна комисија, двата сина и двете снаи ги вработи во државни институции.
Поранешен директор на Општа болница и на едно јавно претпријатие, едниот син директор на Медицински центар, неговата снаа директор на Завод и музеј, другиот син застапник на болница како правник кој зема паушал од државни институции.
Поранешен генерален секретар на општинската организација, вработен во царина, неговата сопруга во ЦУК, неговиот татко и сестра вработени во градинка, и неговиот зет вработен во МВР.
Поранешен градоначалник на Охрид со 23 кривични пријави и потпишан договор со АД “Илинден” од милионски суми за патот Охрид-Св.Наум.
Овде недостасуваше поранешна претседателка на Второстепената комисија во Владата, за да е комплет СДСМ како што треба да биде, велат членови на СДСМ кои ни ги испратија информациите.
Нека размислат граѓаните на Охрид за кого даваат гласови, ЗА ФАМИЛИЈАРНИ ИНТЕРЕСИ, велат тие во дописот.

