Делегација на Општина Охрид во чиј состав беа советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска, и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски, беа во работна посета на Будва и Котор.
Тие се сретнаа со Градоначалникот на Општина Котор, Владимир Јокиќ и со претседателката на Советот Маја Мршуља. Посетата беше по повод одбележување на Патрониот празник на Котор.
Градоначалникот Јокиќ истакна дека е горд на воспоставените релации со градот Охрид и останатите збратимени и пријателски градови и дека во иднина соработката ќе добие покреативен облик.
Охридските и останати претставници на збратимените градови ја потврдија својата приврзаност кон понатамошниот развој на воспоставената соработка.
Please follow and like us:


