Сообраќајна несреќа на улицата „15 Корпус“ во Охрид, повредени две лица

Охрид Црна хроника

На 25.11.2023 во 00:30 часот, на улицата „15 Корпус“ во Охрид, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 40-годишен жител на охридското село Лескоец, излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, а со телесни повреди сопатникот 26-годишник од охридското село Косел, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.

По наредба на јавен обвинител, на местото на незгодата, увид извршија полициски екипи, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged