Денеска сончево и студено, претпладне ќе провејува снег – од УХМР најавуваат нови врнежи во следните денови

Македонија Охрид Регион

Претпладне променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег. Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.

Утре наутро ќе биде многу студено, а преку денот ќе преовладува сончево и кон крајот на денот ќе започне да се проширува облачност. Од вторник до среда преку денот ќе преовладува облачно со повремени врнежи кои на планините особено на запад ќе бидат од снег, а на пониските места од дожд. Во четврток ќе преовладува суво и студено време, а нов бран на врнежи се очекува за време на викендот, информираат од УХМР.

фото: Здравко Чорбески

Please follow and like us:
Tagged