Со поклонение пред моштите на Свети Климент Охридски во истоимениот манастир на Плаошник претпладнево продолжија чествувањата посветени на заштитникот на Охрид.
Делегација од општината положи свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“ по што делегации од локалната власт, од збратимени градови со Охрид како и останати претставници од политичкиот и јавниот живот се поклонија и положија цвеќе пред монументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад.
Прославите посветен на Св. Климент Охридски заштитникот на Охрид завршуваат со прикажување на филмот ,,Раскажи песно: Охрид, Охрид убав мил“, од познатиот македонски режисер Илија Пиперкоски .







































Please follow and like us:

