Доделени наградите од литературниот конкурс посветен на Свети Климент

Охрид

На пригодна свеченост која се одржа денеска на охридскиот плоштад, градоначалникот Кирил Пецаков ги додели наградите од Литературниот конкурс кој беше распишан по повод Свети Климент Охридски Патрон на Охрид.

  • Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) наградена е поетската творба „Охрид градот на нашите просветители“ од Фросина Апостоловска, ученичка во четвртто одделение при ООУ „Григор Прличев“.
  • Во II категорија за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) наградена е потеската творба „Клименте“ од Сара Котеска ученичка во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“.
  • Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) наградена е поетската творба „Светоста на твоето име“ од Симона Димитриеска, ученичка во прва година во ОСУ „Свети Климент Охридски“.

На наградените ученици им беа доделени парични награди и пригодни подароци. За избор на најдобрите творби на конкурсот одлучуваше жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член) и проф. Светлана Огненова (член).

Konkurs_Sv_Kliment_081223001
Konkurs_Sv_Kliment_081223002
Konkurs_Sv_Kliment_081223003
Konkurs_Sv_Kliment_081223004
Konkurs_Sv_Kliment_081223005
Konkurs_Sv_Kliment_081223006
Konkurs_Sv_Kliment_081223007
Konkurs_Sv_Kliment_081223009
Please follow and like us: