На 17.12.2023 во 00.40 часот, на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 48-годишен охриѓанец и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од 37-годишен охриѓанец.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 37-годишникот, а 42-годишен охриѓанец, сопатник во возилото „форд“, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот на мерцедесот бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

