Две лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Св.Наум

Охрид Црна хроника

На 17.12.2023 во 01.00 часот, на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 40-годишна жителка на селото Велгошти, охридско и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишник од селото Долно Коњско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 40-годишната велгоштанка, возач на возилото „сузуки“ и сопатникот 28-годишен охриѓанец, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и Општа болница – Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged