На првиот ден од новата година во Охрид се родија пет бебиња

Охрид

Нека новата 2024 година биде плодна како што е плоден денешниот ден.

На одделението за гинекологија при Општата Болница Охрид, во текот на денешниот ден на свет дојдоја пет новороденчиња, додека шестото е на пат.

Традиционално, денеска, заедно со директорот на Општата Болница, Асен Шајн, како и дежурната екипа на гинеколошкото одделение ги посетивме сите новороденчиња и им даривме пригодни подароци.

Да бидат живи, здрави и среќни деца, а родителите горди на нивната принова, додека на дежурниот тим од гинеколошкото одделение им честитам за нивниот ангажман, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

Please follow and like us: