(ФОТО) Бадникова поворка: Околу 1000 охриѓанчиња го најавија Христовото раѓање – Божик

Охрид

Со ѕвезди во рака, широка насмевка на лицата и видна возбуда пеејќи ја возобновената христијанска песна „Вечниот Бог“, околу 1000 охриѓанчиња кои беа дел од Бадниковата поворка, претпладнево го најавија Христовото раѓање – Божик.

Движејќи се од дворот на црквата Св. Ѓорѓи – Горна Влашка Мала, по улицата „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и низ чаршијата тие ширеа радост и среќа.

Заедно со советниците во Советот на Општина Охрид и со директорите на охридските јавни претпријатија им даривме пригодни подароци и им посакавме добро здравје, среќа и успеси на секој план, рече градоначалникот Кирил Пецаков.

Предводници на поворката беа естрадните уметници Ѓоко Танески и Христијан Настоски- Пајак.

Бадниковата поворка во Охрид се одржува 11 година по ред и е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид, а е поддржана од локалната самоуправа.

Please follow and like us:
Tagged