Во име на големиот православен празник Божик, ЈП “Билјанини Извори” донесе одлука, утре, 07. 01. 2024 година (недела) сите паркинг места со кои стопанисува јавното претпријатие да бидат бесплатни за сите корисници во текот на целиот ден.
ЈП “Билјанини Извори” на сите православни верници им го честита големиот празник и им посакува многу здравје и бериќет.
За многу години, “Христос се роди”.
Please follow and like us:

