Божикна честитка на градоначалникот Кирил Пецаков

Охрид

По повод големиот христијански празник раѓањето Христово – Божик, градоначалникот Кирил Пецаков до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби празнувањето да го поминат во весела и радосна атмосфера, славејќи ја љубовта, вербата и надежта.

– Драги мои сограѓани ви го честитам најголемиот христијански празник, Христовото раѓање – Божик, нека биде среќен и благословен  полн со радост и мир. Исусовата љубов  нека ве загрее, а неговата милост нека ви  даде снага да го надминете секое искушение и предизвик.

Божик е празник кој ја симболизира љубовта, добрината, мирот и помирувањето, го поттикнува духот на разбирањето, взаемното почитување и  религиозните посебности. Ова е ден кога се истакнуваат семејните вредности, заедништвото и сплотеноста. Токму затоа посакувам овој празник да го минете со најблиските. Дарувајте љубов за да бидете љубени и имајте позитивна мисла за личен и напредок на луѓето околу вас.

Вербата, надежта и љубовта нека бидат нашите ѕвезди водилки во овој божикен ден.

Честит Божик.

Please follow and like us:
Tagged