“Нискоградба” со градежни активности за изведба на фекална канализација на новиот комплекс од згради на “Туристичка”

Охрид

Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности, изведба на фекална канализација на новиот комплекс од згради на Бул.Туристичка (Лукоил и Окта).

Должината на трасата изнесува 550 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф250 и Ф315 метри и изработка на 16 армирано бетонски ревизионни шахти.

Градежниот зафат изнесува 3.865.966,оо денари и се реализира по налог на фонд за комунален развој со средства од буџетот на општина Охрид.

Please follow and like us: