На 17.02.2024 во 20.40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 38-годишен охриѓанец.
Тој бил затекнат при извршување кражба во трговски објект во Охрид, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Please follow and like us:

