Спортски ден во Општина Охрид по повод 143 години од раѓањето на Тодор Александров

Охрид Спорт

По повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, ОУ „Живко Чинго“ и Сојуз за училишен спорт – Охрид организираа спортски ден за учениците во основните училишта во Општина Охрид.

Натпревари се одржаа во дисциплина фудбал, баскет, шах и пинг понг.

Честа да ги додели наградите за најуспешните од денешниот спортски ден, му припадна на градоначалникот Кирил Пецаков.

Уште еднаш им честитам на сите учесници и организаторите и ветувам дека Општина Охрид постојано ќе им биде поддршка и ветар во грб во организацијата на вакви манифестации, истакна градоначалникот Пецаков.

Please follow and like us: