Силјановска Давкова за само четири часа собра над 15.000 потписи

Македонија

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, за само четири часа успеа да собере 15.000 потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија, дознава Курир.

Потписите за нејзината кандидатура почнаа да се собираат денеска, откако вчера на конвенција на партијата официјално беше потврдена кандидатурата со 444 гласа од делегатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на денот пред пунктовите на ДИК може да се забележат големи гужви од граѓани кои го ставаат потписот за кандидатурата на Силјановска Давкова.

Please follow and like us:
Tagged