Двајца охриѓани заработија кривични, едниот за „убиство во обид“, другиот за „помагање“

Охрид Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија турнал 39-годишна жена од Скопје од терасата.

Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Второпријавениот, кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.  

Please follow and like us:
Tagged