ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти носителите на листите за парламентарните избори во мај

Македонија

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека тој ќе биде носител на пратеничката листа во изборната единица еден.

За во изборната единица два, носител ќе биде Владо Мисајловски. Во изборната единица три, носител ќе биде сегашниот пратеник Драган Ковачки.

Во изборната единица четири, носител ќе биде потпретседателот на партијата и пратеник, Александар Николовски. Одлука кој ќе биде носител во изборната единица пет – ќе биде донесена во текот на денот.

Во изборната единица шест, носител ќе биде сегашната пратеничка Дафина Стојановска.

Please follow and like us:
Tagged