Државно традиционално Таеквон-до ИТФ првенство на Македонија

Охрид Спорт

Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација, на 16 март 2024 година, органзира Традиционално Таеквон-до (ИТФ) државно првенство на Македонија, во форми и борби, во С.Р.Ц “Билјанини извори” (мала сала), со почеток во 11:00 часот.

Честа да биде организатор му е доделена на најстариот клуб во Македонија, Таеквон-до клубот “МАСТЕР” од Охрид, кој го организираше и минатогодишното првенство.

-На државното првенството можат да учествуваат сите регистрирани натпреварувачи на М.Т.Т.Ф, кои ги имаат исполнето сите критериуми, пристапница во матичниот клуб, договор со матичниот  клуб, сертификати за положени појаси во М.Т.Т.Ф, лекарски прегледи од официјален спортски доктор, сите над 14 години со антидопинг сертификат WADA. Клубовите се должни до 12:00 часот, до 14.3.2024 година, да ги достават сите документи за своите натпреварувачи до Генералниот секретар на М.Т.Т.Ф, после тоа нема да има толеранција за никого, се прави ждрепката и најдобрите нека победат, вели претседателот на М.Т.Т.Ф  Марјанчо Лазаревски.

Please follow and like us: