Одлично Второ државно Традиционално Таеквондо (ИТФ) првенство на Македонија

Охрид Спорт

На 16 март во С.Р.Ц Билјанини извори се одржа второто државно Таеквондо ИТФ првенство на Македонија во органзиција на Таеквон-до клубот “МАСТЕР” Охрид, кој како најстар клуб, од МТТФ ја доби честа да го организира првенството.

Учество зедоа 78 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во две дисциплини, во форми и борби, од следните клубови:

Таеквон-до клубот “МАСТЕР” Охрид Таеквон-до клубот “АХИЛИУС” Скопје Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид Таеквон-до ИТФ клубот “СОНКАЛ” Мислешево Струга Таеквон-до ИТФ клубот “ЧОНЏИ” Косел Охрид

Натпреварувачите покрај што ги бранеа боите на своите клубовите, некои од нив се бореа за место во репрезентацијата за учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Копер, Словенија од 15-22 април.

Најдобри поединци во нивните старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари се:

-најдобро девојче 8-10 години, Меланија Јанеска
-најдобро дете 8-10 години, Христијан Гагалески
-најдобра кадетка 11-13 години, Миа Танеска
-најдобар кадет 11-13 години, Даријан Китаноски
-најдобра јуниорка 14-15 години, Анастасија Чулческа
-најдобар јуниор 14-15 години, Климент Богоески
-најдобра младинка 16-21 година, Елена Јанеска
-најдобар младинец 16-21 година , Владимир Димитриевиќ

Најдобар клуб на државното првенство во Таеквон-до ИТФ е клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид со освоени 15 златни, 14 сребрени, 19 бронзени, и 6 пехари за најдобри поединци.

На второто место се најде домашниот клуб, организаторот, Таеквон-до клубот “МАСТЕР” Охрид со освоени 7 златни, 6 сребрени, 5 бронзени, и еден пехар за најдобар поединец.

На третото место се најде Таеквон-до ИТФ клубот “СОНКАЛ” Мислешево-Струга со освоени 6 златни, 6 сребрени и 3 бронзен медал , и еден пехар за најдобар поединиец.

На четвртото место се најде Таеквон-до ИТФ клубот “ЧОНЏИ” Косел-Охрид со освоени 2 златни, 3 сребрени и 8 бронзени медали.

На петтото место место се најде Таеквон-до клубот “АХИЛИУС” Скопје со освоени 2 златни, 1 сребрен и 5 бронзени медали.

На наше задоволство и задоволство на сите присутни во салата, натпреварувачите прикажаа врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма и дека многу од нив се на добар пат за брзо време да се изборат за место во репрезентација, изјави претседателот на М.Т.Т.Ф, Марјанчо Лазаревски.

Please follow and like us: