19-годишна охриѓанка, ученичка во средно училиште, фатена при извршување кражба

Охрид

На 26.03.2024, полициски службеници од СВР Охрид расчистиле кражба во средно училиште во Охрид.

Имено, 19-годишна охриѓанка, ученичка во средно училиште била фатена при извршување кражба, при што од друга ученичка одзела пари.

Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged