На 12.04.2024 година во 01.15 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се двајца охриѓани на возраст од 21 и 62 години.
Тие, претходно пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Please follow and like us:

