Сајкоски: Охрид мора да биде препознатлив како сесловенски, духовен, цивилизациски центар

Охрид

Охрид мора да биде препознатлив како сесловенски, духовен, цивилизациски центар.

Треба да биде културна сцена и туристички простор 365 дена во годината.
Значајно место на мапата на светски центри за конференциски туризам и водечки туристички простор во регионални и меѓународни рамки. 

Охрид за да биде препознат како сесловенски духовен културен центар Програмата Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија предводува значајни инвестиции во делот на инфраструктурата во комплексот Плаошник.

Охрид исто така треба да биде на мапата на културниот туризам, место каде културниот туризам ќе трае 365 дена и точка која особено внимание ќе посвети на промоцијата на црковните историски и цивилизациски придобивки.

Во зголемената културна понуда во Охрид од големо значење е и предвидената реконструкција што вклучува и надградба и доградба на Центарот за култура Глигор Прличев со што се обезбедува и нов простор за народниот театар Глигор Прличев.

Почитувани охриѓани, Охрид заслужува да биде и позициониран на мапата на светски центри за конференциски туризам за организација на меѓународни конференции и бизнис настани, а тоа ќе го овозможиме преку сеопфатни и сериозни инвестирања во инфраструктурата.

Охрид мора да го стекне статусот за сериозна меѓународна туристичка зона за таа цел предвидени се и иницијативи со Албанија и Грција за формирање на заедничка туристичка зона помеѓу трите држави во регионот на Охридско, Преспанско и Костурско Езеро

Македонија повторно твоја!
Почитувани охриѓани, секој од вас знае, промените се во твои раце, истакна денеска од Охрид генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во ИЕ5, Ѓорѓија Сајкоски.

Please follow and like us:
Tagged