Време е политиката да ја напуштат оние што нанесуваат порази и понижувања, време е чесни луѓе со искрена посветеност да го преземат кормилото, време е за Македонија повторно твоја

Охрид

Вечерва пред граѓаните во Охрид се обратија и тројцата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ од Охрид при што посочија дека промените се во рацете на граѓаните, време е да се работи за подобро утро на македонскиот народ и за просперитетна Македонија. 

„Промените се во ваши раце! Со вашата поддршка, со вашата и наша енергија. одговорно и посветено, обединети за силна, просперитетна Македонија ќе работиме за подобро утро на македонскиот народ, за Македонија повторно да биде твоја! Охрид да го направиме уште поубаво и поквалитетно место за живеење, град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина“, истакна Грација Бакраческа. 

Бакраческа додаде дека ги очекува макотрпна работа, посветеност и чесност за да се врати надежта кај граѓаните, да се врати изгубената иднина и просперитет. Промените се во рацете на граѓаните. 

„Како пратеници од Охрид, нашата работа ќе биде исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Охрид, Македонија повторно твоја! Нашите граѓани се мудри, убедена сум дека ја препознаваат работливоста и посветеноста наспроти празните ветувања кои ви ги нуди власта“, порача Бакраческа. 

„Вечерашнава слика од Охрид нека биде потсетник за бројката на граѓани кои што сакаат да си бидат свои – на своето. Вечерва гледам огромен број на млади луѓе – нашата гордост и иднина! Сигурна сум дека овие млади лица не ни размислувале за политика додека растеле, но тука се затоа што ги почувствувале погубните последици од политиката на власта во сопствената држава“, укажа Лидија Петкоска. 

Петкоска додаде дека во оваа земја постојат и чесни луѓе. Време е политиката да ја напуштат оние што нанесуваат порази и понижувања. Време е чесни луѓе со искрена посветеност да го преземат кормилото. 

„Затоа сме денеска тука, затоа не има во толкав број, затоа што време е за Македонија горда и Македонија твоја! Промените се во твои раце“, нагласи Петкоска. 

Сашо Донев порача дека оттука, од непокорен и победнички Охрид, уверува дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ искрено ќе се посвети на развојот на Македонија, на Охрид.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била и ќе биде влада која  искрено го поддржува Охрид и која ќе ги реализира капиталните  инвестиции, кои им беа ветени на охриѓани изминатите триесет години. За само две години несебична и макотрпна работа  конечно успеавме финансиски да ја раздолжиме 30 години задолжената општина. Тоа и е одлика на ВМРО–ДПМНЕ, да работи  во секој град, во секое село и населено место“, истакна Донев. 

Донев појасни дека  со поддршката на граѓаните ќе се создаде вистинска европска Македонија. Македонија со која ќе се гордеат сите, Македонија да биде пример за работа, за чесност и за посветеност. 

Please follow and like us:
Tagged