(ВИДЕО) Криминално и незаконско работење во НП Галичица открива ренџерот Ѓуро Јовчески

Охрид

До нашата редакција по претходно барање за медиумски простор од страна на преседателот на Синдикалната Организација на Национален Парк Галичица Охрид, Ѓуро Јовчески, пристигна дополнително соооштение како и заверени документи и видео обраќање, каде Јовчески како и претходно, ја известува јавноста за притисокот, мобингот кој се вршел врз него и дел вработени членови на синдикатот изминативе неколку години, но и неосновани од ракав без запазуваење на правото и ЗРО изрчени казни врз него и други синдикалци од страна на предходните двајца директори, се со цел да го заплашат и замолчат во барање работнички права и спречување на криминал во установата. Но, напротив и покрај сите уцени и притисоци тој не замолчел, напротив засновал повеќе преставки до Трудов инспекторат како и тужби до Основен суд при што сите позитивно ги добил синдикатот освен една поради пристрасност на судивка од Основен Суд Охрид, за што истата е пријавена во Совет на Судии Скопје,а синдикатот ке поведат против нејзе во догледно време и граѓанска петиција.

Напоредно на ова преседателот Јовчески со синдикалните членови поднеле последниве години повеќе кривични пријави против Управниот Одбор за несовесно работење и злупотреба на положбата. Се наведуваат следните неправилности: Бр 1. Носење одлуки без мислење на синдикатот. Бр 2 Селективно одлучување по второстепени жалби на вработени. Бр 3 Реализирање на незаконски огласи. Бр4 Одење на скапи ручеци по елитни хотели и ресторани на сметка на установата која е во негативно салдо. Бр 5. Зголемување во месец Декември 2023 на нивните хонорари и патни тршоци за 100 насто. Бр 6 . Последниот состав на Управениот Одбор е направен спротивно на законот и статутот на установата без одлука на стручен колегиум. и во истиот за жал нема преставници од шумарството (инжинери) како и биолози, и низа други незаконски дејствија.

Синдикатот бара надлежните да ги расчистат овие пријавени дејствија, а ќе се бара и ревизија да се види како е потрошена секој денар на установата, а од тие кои сториле оштетување на установата покрај службена одговорност ќе бараат и по приватни тужби поединечно да се обештети установата која е доведена во прашање на нормално работење со негативна завршна годишна сметка од минус 2 286 438 00.денари, предизвикано од недомаќинско работење на поединци и управниот одбор како највисок орган.

Ова нека биде пример за секој кој и во иднина ке ја води институцијата без оглед која е партиската припадност. Стоп за управните и надзорните одбори кои со огромните паушали ги исцедија јавните установи и претпријатија.

Во продолжение погледнете го целосното видео обраќање на Јовчески.

Please follow and like us: