МПЦ – ОА ги повикува граѓаните да излезат и да гласаат

Македонија

Македонската православна црква – Охридска архиепикопија ги повикува верниците и граѓаните на Македонија да излезат и да гласаат на претседателските и парламентарните избори.

Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата.

Изборите се можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право!

Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани, Ве повикуваме да излеземе масовно и да гласаме, се вели во соопштението на МПЦ – ОА.

Please follow and like us: