До 28 мај да се формира Собранието, а до средина на јуни нова Влада, очекува Сајкоски

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, денеска, по подигањето на мандатите на пратениците, даде изјава во која изрази очекување дека новата влада треба да биде формирана до средината на идниот месец.

Денес по покана на Државната изборна комисија ги подигнавме мандатите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните уверенија. Со добивањето на уверенијата, до 28 мај очекуваме да се формира Собранието на Република Македонија, до средината на јуни очекуваме да ја имаме и новата влада во Република Македонија.

Сакам да изразам огромна благодарност до граѓаните на Македонија, за поддршката што ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и сакам да посочам дека ова е голема одговорност за нас како пратеничка група, како ВМРО-ДПМНЕ. Но, сакам да укажам дека ќе ја оправдаме оваа нивна дадена одговорност. Сакам исто да кажам дека во периодот што следи ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочиме кон борба против криминалот, корупцијата и ќе се насочиме кон подобро образование, здравство и ќе дадеме надеж дека тука може да се живее, работи подобро од она што беше до сега. И за брзо граѓаните на државата ќе го увидат тоа – изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Please follow and like us:
Tagged