(ФОТО) Матурска парада 2024

Охрид

Околу 400 матуранти од средните училишта во градов беа дел од манифестацијата „Матурска парада“ што денес точно напладне се одржа на плоштадот „Св. Климент Охридски“.

Познатиот танц на музиката на Штраус што неколку години по ред се игра во Охрид е официјално збогување со нашите ученици, кои после четири години учење заслужно ги добиваат дипломите за завршено средно образование.

,,Драги матуранти, ви посакувам сите ваши желби да станат реалност и да остварите многу позначајни успеси во иднина. Со голем ентузијазам и нескротлив дух реализирајте го сето она што сте го замислиле, а е од општо добро. Не е битно дали ќе го продолжите своето образование или ќе изберете занает со кој ќе се занимавате во иднина. Битно е сработеното да биде со љубов и желба. „Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи“, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

Please follow and like us: