Вака ќе изгледа новиот состав во Собранието на Република Македонија

Македонија

По парламентарните избори кои се одржаа на 8-ми мај, вчера во седум избирачки места имаше прегласување.

Според резултатите, има измена во пратеничките мандати на тој начин што ДУИ изгуби еден пратеник, а ВРЕДИ доби.

По прегласувањето ова се конечните резултатите за бројот на пратеници на партиите и коалициите во следниот парламентарен состав.

Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 58 пратеници.

Коалицијата на СДСМ и „Европскиот фронт“ на ДУИ во Собранието влегуваат со по 18 освоени мандати.

Коалицијата „ВРЕДИ“, по денешното прегласување, во Собрание ќе има 14 свои пратеници.

ЗНАМ и Левица освоија по 6 мандати за следниот собраниски состав.

извор: Курир

Please follow and like us: