Извонредни успеси на Државниот натпревар по македонски јазик за учениците од ОУ “Кочо Рацин”

Охрид

На Државниот натпревар по македонски јазик и литература што се одржа на 1.6.2024 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, ученичките од ООУ “Кочо Рацин” постигнаа извонредни резултати.

Деветтоодделенките Сара Котеска и Надица Тасеска под менторство на Фила Вероска-Стојковска, повторно покажаа високо ниво на знаење и нивната трудољубивост, посветеност и љубов кон македонскиот јазик и литература беа заслужено наградени.

Демонстрирајќи извонредно познавање на македонскиот јазик и литература, Сара Котеска освои трета награда и беше четврта според ранг-листата за деветто одделение, а Надица Тасеска беше наградена со Пофалница.

Успесите на овие ученички се потсетник за важноста на упорноста, посветеноста и љубовта кон учењето. Тие се вистински амбасадори на нашето училиште и нивните успеси ќе служат како инспирација за сите сегашни и идни ученици.

Со овие успеси, нашето училиште уште еднаш се потврдува како место каде што младите таленти добиваат поддршка и можности да го покажат својот потенцијал, велат од “Кочо Рацин”.

Please follow and like us: