Турист удрил во камен во Охридското Езеро, пренесен во Општата болница

Охрид

Државјанин од Холандија денеска околу 12 часот се повредил во водите на Охридското Езеро.

Од ЦУК информираат дека преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 е добиена пријава за повредено лице кое со кајче е пренесено до пристаништето во Охрид.

Повреденото лице од Холандија кое удрило во камен во Охридско езеро е превземено од Итна медицинска помош е надвор од животна опасност и истото е пренесено во Општа болница во Охрид на одделот за хирургија.

Како удрил и како се повредил ќе се дознае по истрагата, поточно, како што велат од ЦУК, кога ке биде комуникативно лицето.

Please follow and like us: