Вечерва и утре сите патишта водат до манастирот на Свети Наум Охридски

Охрид

Овие денови сите патишта нека не водат до манастирот и вечното почивалиште на Свети Наум Охридски Чудотворец, кој повеќе од 1100 години наназад благодарение на неговото битие и непроценливи дела кои ги оставил зад себе стана силен столб на православието на нашите простори, притоа привлекувајќи се повеќе луѓе низ годините во мир и молитва да најдат спокој на ова свето место и да посведочат за чудата на светителот.

Во посебен режим и организација на луѓето одговорни во манастирот како и секоја година така и оваа ќе биде служена света литургија во присуство на сите верници кои се во можност да присуствуваат.

Нека е за многу години овој свет ден на сите кои го слават и имаат Свети Наум Охридски како нивен заштитник, покровител и духовен пример за едно вистинско христијанско православно откровение.

Please follow and like us:
Tagged