Четири лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Регион Црна хроника

На 01.07.2024 во 19.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од И.П.(22) од Струга и патничко возило „бмв“, управувано од А.П.(34) од с.Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ауди“, М.П.(49) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „бмв“, Ф.Р.(28) од Струга, констатирани во Општата болница Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски портпаролот на СВР Охрид.

фото: шило магазин

Please follow and like us:
Tagged