Во Велгошти одбележана 123-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета

Охрид

Во организација на Месната заедница на село Велгошти и МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти на 7 јули (Иванден) во манастирот ,,Св. Петка” во Велгошти се одржа чествување по повод 123-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета.

На формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите откритија е забележано дека и мајката на Узунов присуствувала на овој настан.

Историскиот чин се одиграл во манастирот ,,Света Петка”, во Велгошти на 6 јули 1901 година, што зборува за поврзаноста на Охрид и на велгоштани кон делото на Организацијата.

На повикот на востание, велгоштани до еден застанале под македонското црвено знаме, на кое пишувало: ,,Смрт или Слобода!”

За историското значење на овој чин, кој се смета за најголем успех на Охридската револуционерна организација говореше проф. м-р Михаил Патчев.

Свежо цвеќе положија делегациите на МЗ на село Велгошти, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти, како и ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Please follow and like us: