Денеска (16.09.2024) во 07.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид -Ресен, во близина на кракот кон селото Свиништа, патничко возило „фолксваген пасат”, со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (57) години од струшкото село Октиси, излетало од патот.Во несреќата, возачот и сопатникот на возраст од (63) од истото село се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.
Please follow and like us:

