Меѓународна научна конференција INSCOSES 2024 во Охрид

Македонија Охрид Технологија

Со присуство на над 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји, во организација на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) од Охрид, на 26-ти и 27-ми септември 2024 година ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024).

Овој настан ќе биде еден од најважните научни собири во Охрид за тековната година, со значајно влијание врз развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја, туку и на глобално ниво, соопштуваат организаторите.

Официјалното отворање на конференцијата ќе се одржи на 27-ми септември 2024 година, со почеток во 09:30 часот, во амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Please follow and like us: