Оваа недела, на 24 ноември со почеток во 13:00 часот, на вештачката трева во СРЦ „Билјанини Извори,“ ФК Св. Троица ќе го одигра последниот натпревар од првиот дел од сезоната во Третата МФЛ против ФК Преспа. Натпреварот има хуманитарен карактер, со поставена кутија за донации во поддршка на малата Теодора, сограѓанка која е во процес на лекување, при што сите собрани средства ќе бидат наменети за нејзиното успешно закрепнување.
Please follow and like us:

