Пецаков: Бевме исклучително посветени на културната дејност и развој на спортот и поддржавме важни манифестации и настани

Охрид

Пецаков: “Бевме исклучително посветени на културната дејност и развој на спортот и поддржавме низа важни манифестации и настани. Тука би сакал да ги издвојам Фестивалот на вино, Ohrid Water Festival и Охридскиот џез фестивал, кои како нови содржини ја збогатија туристичката понуда на Охрид, надвор од шпицот на летната сезона. Почитувани, Со знаење, чесна и транспарентна работа, промените, проектите и победите јасно се гледаат во Охрид. Изразувам длабока благодарност на сите граѓани за довербата, соработката и за поддршката која секојдневно ни ја даваат. Пред нас стојат нови предизвици и со заеднички сили, продолжуваме да работиме за подобра иднина за Охрид, за нашите семејства и за сите генерации што доаѓаат.”

Please follow and like us: