“На плоштадот „Крушевска Република“ се одржа предновогодишниот хуманитарен настан „Новогодишен сон“ во организација на Црвен Крст Охрид и Општина Охрид.
Средствата кои се собраа ќе бидат наменети за разубавување на новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид. На настанот со музички точки настапуваа ученици од второ и трето одделение од основните училишта во општина Охрид, а воедно и продаваа производи изработени од нивните вредни рачиња”, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.
https://www.facebook.com/kirilpecakov/posts/1095785279228152?ref=embed_post
Please follow and like us:

