Со снежните врнежи екипите на Ј.П.Охридски Комуналец веднаш на терен

Општо Охрид

Од утринските часови се мобилизирани дежурните екипи од сите оперативни работни единици и веднаш се излезе на терен. Се интервенира според ,,Програмата за зимско одржување на територија на општина Охрид”, по претходно дефинирана динамика, приоритет и ситуацијата на терен

Со целокупната расположива механизација се расчистува снежната покривка од коловозите до населените места кои се наоѓаат на повисоките места ( с. Велестово, нас. Исток, с. Елшани, населба ,,Гоце Делчев” (Бараки), У.З.,,Стар Град”), главните прометни сообраќајници и улиците во централното подрачје

Во расчистувањето со сопствена механизација и работници се вклучени и екипи на Ј.П.,,Нискоградба”

Веднаш се интервенира и по пешачкитезони, тротоари и пристапни патеки од висок приоритет

 Снегот се отстранува машински, а во исто време се интервенира со абрзивни средства

 За да се обезбедат неопходните услови за безбедно движење на возила и пешаци, екипите остануваат во мобилна состојба во текот на целиот ден со цел да се опфати и поширокото градско подрачје и населени места.

https://www.facebook.com/ohridskikomunalec/posts/1079110227350133?ref=embed_post

Please follow and like us: