Охриѓанец фатен со кокаин – СВР Охрид поднесе кривична пријава

Општо

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во патничквозило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, се обидел да исфрли пакување со кокаин, кое било одземено, а лицето било лишено од слобода.

Please follow and like us: