Управител и одговорно лице на угостителски објект обвинети за точење алкохол на малолетници

Охрид Црна хроника

На 21.02.2025 година, при контрола извршена во угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека (64) од Охрид, управител на објектот и (33) одговорното лице во објектот, од охридското село Велгошти, на 16 малолетници им овозможиле користење алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави за сторено кривично дело ,,Точење алкохолни пијалоци на малолетни деца“, согласно чл.204 од Кривичниот законик.

Please follow and like us: