Промоција на стихозбирката „Насолзено цвеќе“ израз на најдлабоката човечка болка

Култура Охрид

Утре, среда од 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од м-р Љубен Цветкоски.

Тоа се стихови преку кои авторот – таткото, познат ликовен акварелист од Охрид ги посветува на својот прерано починат син Алкесандар. Тие се обид да се залечи раната, да се опее чедото, семејните релации и неизмерната љубов кон него.

Стихозбирката е во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Промотор ќе биде м-р Милчо Јованоски, кој е и уредник на изданието а ќе биде прочитана и рецензијата на познатиот македонски писател и поет Ефтим Клетников кој вели:

-Љубен Цветкоски и искуствено и интуитивно го знае тоа. Неговите песни не се испразнети од таа суштина и се остварени како искрен и таговен исповедник и дневник на душата и срцето, што го чувствуваат и вреднуваат сеизмографски во стих за да трае секој атом од неопфатниот живот.

Стихови ќе читаат ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ Охрид.

НУ Библиотека

Please follow and like us: