Колумна на Слободан ТОМИЌ: Од „Шарена Револуција“ до крвави сценарија – Лешинарите на длабоката држава сакаат да ја срушат Македонија!

Македонија Општо

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Истите предавници, истото сценарио – време е за народна пресметка со криминалците!

Македонија е уморна! Изнемоштена од криминал, предавства, корупција и мизеријата што 34 години ја создаваат истите структури! 

Системот што го рушеше секој атом на државноста не е создаден за 9 или 10 месеци – тој е продукт на 34 години организиран криминал, од Глигоров до Ковачевски, од Љубчо до Заев, од Црвенковски до Ахмети!

Грабеж, предавства и срам – „елитата“ што ја уништи Македонија

Како беше возможно? Како дозволивме да не направат бегалци во сопствената земја?

 Да ни ги избришат идеалите, да ни ги срушат соништата, да ги истераат младите, да ја уништат економијата, судството, обвинителството, да го убијат патриотизмот? 

Како дозволивме да нè растурат како држава, додека криминалците, кои денес пак бараат правда и чесност, царуваа во раскош?

Знаеме како! Секогаш беше истото сценарио – криминал, грабеж, предавство, па „револуција“ за спас на сопствените газови!

Денес ја гледаме истата перверзија – болката на родителите од Кочани, злоупотребена од џукелите на длабоката држава

Кочани тагува. Цела Македонија тагува. Додека родителите ги испраќаат своите деца во гроб, лешинарите на длабоката држава се протнаа низ толпата, „солзави“ и „тажни“, а всушност – алчни и подли, барајќи нова шанса да ја урнат Македонија!

Истите тие кои ја опљачкаа државата денес глумат моралисти. Истите тие што ги штитеа најголемите криминалци, што со години го труеја обвинителството и судството, денес зборуваат за правда! 

Истите тие што му слугуваа на Сорос и западните поданички амбасадори, што продаваа државни и национални интереси за пари, денес се обидуваат да го манипулираат народот со лажен револт.

Јован Јанев го разоткри лицемерието – „Максимализирате смрт на деца!“

Во овој валкан обид, неочекуван удар по овие паразити дојде од самиот нивен ред. Јован Јанев, истакнат член на Левица, го напушти гнасниот циркус кога виде како партијата се нафрли да ја искористи трагедијата за политички поени.

„Максимализирате смрт на деца!“, напиша Јанев, со што ги разоткри намерите на овие политички хиени кои лажат, манипулираат и профитираат на човечки несреќи.

Мицкоски: „Глодари и лешинари кои не сакаат силна Влада!“

Но, премиерот Мицкоски не е будала. Ги препозна веднаш – истите луѓе, истата мрежа, истата тактика.

„Ова не е гнев на народот, ова не се спонтани протести – ова е организирана, платена хајка на глодари и лешинари кои не сакаат силна Влада, затоа што таа ги носи криминалците пред лицето на правдата!“ – со овие зборови, Мицкоски им стави крај на манипулациите!

Кои се вистинските виновници за колапсот на Македонија?

Денес сите зборуваат за правда и казна, но забораваат дека судството и обвинителството се уништени токму од тие што денес глумат „народ“!

  • Ги паметите ли Бранко Црвенковски и неговото приватизирање на државата?
  • Ги паметите ли Љубчо Георгиевски и неговите тајни договори?
  • Ги паметите ли Заев, Ковачевски, Ахмети, кои продаваа, пљачкаа, лажеа, уништуваа?

И сите тие денес, преку своите платеници, повторно сакаат да ја урнат Македонија!

Кој ја финансира оваа хајка? Истите Соросоидни канџи!

Пари од УСАИД, од Сорос, од западните амбасади! 

Пари кои се вбризгуваат во мрежата на „невладини организации“, активисти и измамници кои глумат „глас на јавноста ,овој пат на студентите“!

Сите што беа на јаслите на Сорос за време на Шарената револуција денес повторно се активирани!

 Премногу е очигледно! Тие што некогаш боеја споменици денес стојат зад „народните бунтови“!

Народот ќе ги препознае предавниците!

Македонскиот народ веќе еднаш беше изманипулиран. 

Дозволи предавниците да му ја земат државата. 

Но, овој пат нема да дозволиме!

Оваа држава конечно има Влада што се бори за народот, а не за криминалците! 

И затоа, сите глодари, сите платеници, сите безрбетници што мислат дека ќе ја потопат Македонија – ќе се соочат со народот!

Кој е следниот по Ѓорѓи?

Мојот син Ѓорѓи, мојот единствен син, беше убиен од истиот овој систем.

 И никогаш нема да престанам да прашувам: КОЈ Е СЛЕДНИОТ ПО ЃОРЃИ?

  • Децата во Кочани?
  • Уништените семејства низ Македонија?
  • Оние што си заминаа со билет во еден правец?

Оваа држава мора конечно да покаже дека правдата не е само збор, туку меч што ќе ги стигне сите што згрешиле!

Време е за крај на предавниците!

Македонија мора да се ослободи од оваа паразитска мрежа. 

Време е за пресметка со криминалците! 

Време е за Влада која нема да дозволи нова „Шарена револуција“, нов обид за дестабилизација, нови жртви на политичките хиени!

Ова е последната битка – или тие, или ние!

Please follow and like us: