Томас Милер го напушта Баерн Минхен по 25 години лојалност: „Го почитувам решението на клубот“

Спорт

Томас Милер, легендарниот 35-годишен фудбалер на Баерн Минхен, објави на своите социјални мрежи дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти клубот каде ја мина целата своја професионална кариера.

– И покрај неодамнешните гласини, сакам да ја разјаснам ситуацијата. Сè уште сум среќен што сум дел од тимот и што се борам за титули со моите соиграчи, иако не играм колку што би сакал. Верував дека ќе продолжам и следната сезона, но клубот одлучи да не го продолжи мојот договор. Го разбирам тоа – важно е клубот да ги следи своите принципи, дури и кога тие не се совпаѓаат со моите желби. Ја почитувам оваа одлука, која сигурно не била лесна, напиша Милер.

Милер целиот свој професионален фудбалски пат го помина во Баерн Минхен, каде стана рекордер по број на настапи – во септември минатата година го надмина легендарниот Сеп Мајер со вкупно 709 натпревари.

Во текот на својата кариера со Баерн, Милер освои:

  • 12 титули во Бундеслигата
  • 2 трофеи од Лигата на шампионите
  • Светско клупско првенство
  • Суперкуп на УЕФА
  • 6 пати германскиот куп
  • 8 пати германскиот Суперкуп

За германската репрезентација настапи 131 пат и постигна 45 голови, а беше најдобар стрелец на Светското првенство во 2010 година. Милер се повлече од репрезентативниот фудбал по завршувањето на Европското првенство во 2024 година.

Please follow and like us: