Ве информираме дека поради зголемениот број на посетители и настани за време на Велигденските празници, се воведува контролирано спуштање на рампа во стариот дел на градот со цел зголемување на безбедноста на пешаците и регулирање на сообраќајот во тој дел на градот.
📍 Локација: Стариот дел на градот, рампа Горна Порта.
📅 Период: од 18 (петок) април 07 часот до 22 (вторник) април 07 часот.
Во тој период ќе биде ограничен пристапот на моторни возила, освен за жители на стариот дел на градот. Одлуката се донесе согласно минатогодишното искуство и согласно барањата на жителите од тој дел на градот. Ве молиме за разбирање и почитување на поставените знаци и упатства од надлежните лица.
🙏 Ви благодариме за соработката и ви посакуваме мирни и радосни празници!
Со почит,
ЈП “Билјанини Извори”

