Колумна на Слободан ТОМИЌ: Не Е Македонија – Проширувањето на ЕУ е тажна приказна!

Македонија Свет

Пишува : Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

ТАЖНА ПРИКАЗНА?

НЕ , ЕВРОПА Е ТАЖНА, МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА!

Кога еврокомесарката за проширување, Марта Кос, дозволува низ заби да протне оценка дека „зачленувањето на Македонија е тажна приказна“ не зборува за нас.

Таа кажува што мисли Европа за самата себе.

Таа кажува дека Европа не верува ниту во сопствените ветувања, ниту во принципите на кои се темели.

Таа кажува , ние сме елита што го изгубила моралниот компас.

Тајмингот не е случаен.

Во исто време, во Валенсија, Европската народна партија (ЕПП) го реизбира Манфред Вебер за претседател, а нашиот премиер Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, отворено и достоинствено зборува пред сестринските партии.

Тој не моли. Тој бара поддршка ,за правда, за принципи, за крај на двојните аршини.

Мицкоски не се крие зад бирократски паравани.

Тој удри директно во срцето на проблемот: Македонија не може вечно да биде заложник на билатерални уцени!

Дали тоа некој не сака да го слушне?

Да!

Дали затоа Македонија стана „тажна приказна“?

 Не!

Македонија е жртва на европска хипокризија.

Европа која бара промена на учебници, историја, име, идентитет… за да ни даде датум.

Не членство – датум.

И уште не сме го добиле!

А сепак, ВМРО-ДПМНЕ не бега.

Таа останува во проевропското семејство.

Не од сервилност, туку од политичка зрелост.

Да ја разобличи Европа одвнатре.

Да покаже дека вистинска Европа не е Германија која штити бугарски национализам, туку Европа на држави кои се борат за вредности, а не за колонијална послушност.

Сега кога Трамп е повторно во Белата куќа, кога БРИКС станува нова глобална сила, кога западниот свет се бори со себе , не, Македонија не треба да избега.

Треба да застане цврсто, со подигната глава, и да каже: или ќе не прифатите со почит, или ќе се соочите со историски срам.

Европа не е подготвена за Македонија, затоа што Македонија ја потсетува на сите неисполнети ветувања.

 Но, Македонија нема повеќе да моли.

Сега зборува Мицкоски, сега зборува народот.

Гласно, јасно и без калкулации.

Од што уште треба да се откажеме за да не наречат Европејци?

Ни го земаа името. Ни ја избришаа историјата. Не поништија како народ.

Ни ја продадоа честа преку „Преспа“ и неисполнетите ветувања.

И сега, во 2025 година, по сите тие жртви, еден висок функционер од ЕУ без срам изјавува:

„Ако Украина почне преговори сега, со темпото како со Македонија, членка ќе стане до 2045 година (Марта Кос)!

Тоа ли е европската логика?

Да се понижат и исмеват земјите што покажале најмногу трпение?

Тоа ли е „европска солидарност?

Македонија, наместо поддршка, доби понижување. Наместо благодарност , игнорирање.

Наместо вреднување – двојни стандарди.
А ветувањата за почеток на преговорите? Мртво слово на хартија.
Никој не ја повикува ЕУ да ги исполни своите обврски.
Никој не прашува зошто Македонија, која сè исполни, сè уште тоне во чекалницата на европскиот маразмус – системот на бирократска апатија и политичка лицемерност.

Црна Гора и Албанија денес се претставуваат како „најблиску до ЕУ.

А Македонија, која беше прва на ред, беше прескокната со игри под маса.

ЕУ повторно покажа дека не се работи за критериуми, туку за политички калкулации.

Европа што не лажеше дека ќе нѐ интегрира, сега отворено не омаловажува.
И тоа не е само неправда.

Тоа е морален пад. Тоа е лицемерие поголемо од колонијалните аршини.

И токму затоа средбата на премиерот Христијан Мицкоски на Конгресот на ЕПП во Валенсија е повеќе од дипломатски настан , тоа е сигнал дека Македонија има нов лидер кој не се наведнува, не се понижува и не шири вазелинска  дипломатија како неговите претходници.

На маргините на Конгресот каде што Манфред Вебер беше реизбран за претседател на ЕПП, Мицкоски не само што учествуваше, туку беше активен чинител во политичките консултации.

„Одржавме бројни значајни средби, рече Мицкоски, „овие средби ја потврдија важноста на соработката и придонесоа за зацврстување на заедничките европски визии.!

Тој порача дека „Конгресот покажа единство и решителност за справување со предизвиците пред Европа.

Мицкоски со глава гордо исправена – Европа со лицемерие наведната!

Додека во Валенсија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја бранеше Македонија пред цела Европа, некои бугарски портали и структури блиски до турски интереси во регионот, се обидоа да ја извртуваат реалноста.

Но, вистината е непобитна: Мицкоски не се поклони пред никого – туку ја подигна Македонија над сите!

Тој јавно ја разобличи ЕУ лицемеријата, која со години зборува за вредности, но молчи пред уцените и шовинизмот од Софија.

Наместо да го вреднува напредокот на Македонија, ЕУ дозволува една држава-членка да ја држи нашата татковина како заложник.

Мицкоски ги кажа работите што СДСМ никогаш не се осмел

Не ги прифаќаме двојната аршини на Брисел

Македонија не е втора класа

Билатерални спорови не смеат да бидат услов за европски пат!

Турција, преку блиски канали и експоненти во регионот, заедно со бугарската дипломатија, интензивно работат против суверенитетот на Македонија , затоа што знаат дека со Мицкоски нема веќе пазарење со идентитетот. Затоа се активираат квазимедиуми и балкански платеници.

Но народот гледа:

·        Гледа кој се поклонуваше на Ахмети, а кој му подаде рака на Европа со достоинство.

·        Гледа кој молчеше кога Бугарија не понижуваше, а кој проговори.

·        И ќе запамети дека Македонија конечно има човек што не ја витка кичмата!

Поддршка за Мицкоски не е поддршка само за лидер – туку поддршка за Македонија со чест и достоинство!

Дали Христијан Мицкоски е Зоран Заев?

Дали тој се гушка и се бакнува со Борисов пред камерите додека потпишува срамни договори што не ја признаваат ниту Гоцевата жртва, ниту македонскиот јазик?

Не, тој не е Заев, ни Ахмети, ни Димитров. И затоа ги боли.

Македонија денес не е на колена.

Македонија не моли.

Македонија има премиер што оди во Европа со кредибилитет, не со сервилност.

И додека ЕУ молчи за институционалниот терор на Албин Курти врз Србите во Косово, додека го тапкаат по рамо затоа што им е „геополитички послушен“, Македонија плаќа цех за тоа што не се продава на попуст.

Мицкоски ја спасува Македонија од колонијалната брука , и од европската уцена и од бугарската омраза

Во историјата на македонската државност постојат мигови кога водачите мора да стојат исправено, не по налог, туку по совест.

Денес, токму таков момент живееме.

Премиерот Христијан Мицкоски, свесен за историската тежина и националната одговорност, ги одбива уцените на Брисел, го демаскира дволичноста на Скопје и ги игнорира навредите на Бугарија.

Додека европските бирократи како Михаел Рот и поранешниот амбасадор Дејвид Гир водат лична кампања против Македонија, користејќи ја како жртвено јагне за геополитичките фрустрации на ЕУ, Мицкоски држи исправен курс: „нема да има промена на Уставот под уцена, ниту распродажба на идентитетот. Одбивањето на европските игри без граници не е изолирана политика – туку стратегија за спас на државата.

Македонија нема да биде ничиј слуга!

Ние ќе ги поминеме сите ваши тестови, но вие веќе ги паднавте сите , на морален, историски и човечки план.

 Европа што ја нудите не е Европа на правда, туку Европа на уцена, трговија и лицемерие.

ЕУ не е веќе сонот што не инспирираше, туку реалноста што не разочарува.

РЕЗИМЕ :

Македонија ќе стане членка на ЕУ тогаш кога Европа ќе стане достојна за Македонија!

Please follow and like us: