Колумна на Слободан ТОМИЌ: Кој ќе одговара за смртта на миленик на вашата душа, дете, родител, сопружник?

Општо Свет

Некој ќе каже , зошто сега ова? 

Зарем не заврши короната? 

Зошто пак корона?

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Не, не заврши. 

Заврши манипулацијата со вашето внимание. 

Заврши маркетингот, но не и одговорноста! 

Ако во „името на науката“ и „превенцијата“ некој ти влезе дома и однесе близок кој потоа не се врати жив, не завршило ништо.

ШТО СЕ КРИЕ?

Зошто се молчи за стотици случаи кои јавноста ги слушаше, но институциите ги игнорираа? 

Зошто никој не даде отчет за смртта на здрави луѓе по примени вакцини? 

Зошто толку многу лекари кои се сомневаа , беа замолчени или игнорирани?

Јавноста заслужува одговори, не наметната тишина.

КОЈ ПРОФИТИРАШЕ ОД СТРАВОТ?

Кој ги потпиша набавките? 

Кој ги одобри мерките? 

Кој направи профит од договорите?

Јавноста има право да праша , дали некои луѓе се обогатија додека илјадници семејства тагуваа? 

Се зборуваше, а не се истражи, за тоа дали некои примиле физиолошки раствор, а не вакцина. 

Дали тоа е точно или не , треба да го каже правото, а не политиката.

ЗА ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ

Ако не се отвори јавна истрага, ако не се утврди вистината , ова може да се повтори. 

Здравствените системи не смеат да бидат алатка на маркетинг кампањи, туку бастион на транспарентност, вистина и животна вредност.

ЗА ДА ИМА ПРАВДА, ТРЕБА ДА ИМА ХРАБРОСТ

Секое семејство што изгубило некого, секој граѓанин што се чувствува излажан, има право на вистина. 

Не за освета , туку за правда. 

Не за политика ,туку за човечност.

Авторот не тврди, туку прашува. Авторот не обвинува, туку бара одговори.

Текстот се базира на јавно достапни информации, сведоштва и лична анализа. 

Целта не е клевета, туку отворање на дебата за прашања од највисок јавен интерес.

Please follow and like us: