Охриѓанката Весна Коцевска добитник на награда за травел инфлуенсер на Самитот за Социјални Медиуми во Сараево

Охрид Свет

Македонскиот травел инфлуенсер добитник на награда на регионалниот самит за социјални медиуми во Сараево

На престижниот регионален Самит за социјални медиуми, одржан оваа недела во хотел Hills во Сараево, македонскиот травел инфлуенсер Весна Коцевска @whisper.ves беше прогласена за еден од топ 5 инфлуенсери од регионот, освојувајќи награда за најдобар травел инфлуенсер од Македонија.

Ова признание доаѓа како резултат на автентичната и инспиративна содржина што Весна ја споделува со својата публика – фокусирана на семејни патувања, викенд бегства и откривање на уникатни дестинации низ Македонија и светот.

„Голема благодарност до организаторите на самитот, до мојата заедница која ме следи и поддржува, и до сите кои веруваат дека патувањето е начин на живот, не само хоби,“ изјави Весна на својот Инстаграм профил по добивањето на наградата.

Изборот на инфленсери го направи хрватската агенција Hypefy, специјализирана за инфлуенсер маркетинг и аналитика.

По детална анализа на содржините на профилите, растот и влијанието кое го имале профилите во изминатите дванаесет месеци избрани се добитниците на награди од секоја земја.

Самитот за социјални медиуми во Сараево собра инфлуенсери, креатори и маркетинг експерти од Босна и Херцеговина, како и од останатитекои земји од регионот. Панелистите разговараа и го споделија своето искуство за трендовите во дигиталната комуникација, предизвиците со кои се соочуваат, како правилно да се користи вештачката интелигенција и ја прославија моќта на локалните гласови во глобалниот интернет-простор.

Please follow and like us: