Пишува: Слободан ТОМИЌ

ИСТОРИСКА ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ
Во време кога македонската дипломатија беше понижена, уценета и обезличена од т.н. француски предлог – диктат спакуван во дипломатска хартија, поддржан од криминалната власт на Заев, Ковачевски и Венко Филипче, вистината конечно се пробива во највисоките европски институции.
Генералното собрание на Европската слободна алијанса (EFA) во Нант, Франција, со акламација ја усвои заедничката декларација на ОМО „Илинден“ – Пирин и Македонската алијанса за европска интеграција, со што првпат официјално беше осудена бугарската политика на негирање и асимилација на Македонците во Бугарија и Албанија.
Ова е европска шлаканица, за сите што се дрзнаа да ја понижат вистината за Македонците во Пирин и Голо Брдо, и за оние кои наместо да го бранат народот, потклекнуваа пред туѓи диктати.

ШТО ЗНАЧИ ОВА ЗА МАКЕДОНИЈА?
Оваа декларација е најсилна потврда дека Македонците во Бугарија и Албанија не се фикција, туку реалност која 30 години била системски бришена.
Таа е директна и недвосмислена:
- Македонците се признати како автохтони народи со сопствен јазик, култура и идентитет;
- Се осудува политиката на негирање, притисоци, пасоши, манипулации и забрани за здружување;
- Се повикува ЕУ да го стави ова прашање на агендата и да престане да молчи пред системското кршење на човековите права.
Ова е силен удар по ретроградната политика на Бугарија, но и по македонските предавници кои молчеа, или уште полошо, го поддржуваа тој молк.
ПОРАЗ НА ВНАТРЕШНИТЕ УЦЕНУВАЧИ
Декларацијата ги разобличува и сите кои во Македонија се појавуваа како гласноговорници на „пријателска“ Бугарија:
- Зоран Заев, кој се согласи да ни ја напишат историјата и да ни го спуштат јазикот во фуснота;
- Димитар Ковачевски, кој продолжи во истата линија на капитулација и тивко предавство;
- Венко Филипче, кој, наместо да одговара за лекарските гревови, се вмешува во националната дебата како морален судија.
Тие се политичките извршители на една стратегија за бришење, кои повеќе немаат каде да се кријат , Европа проговори, правдата ги фати.
ЕУ ПРЕД ИСПИТ НА СОВЕСТА
Европската слободна алијанса не бара милост , таа бара принципи:
- ЕУ да го отвори прашањето за македонското малцинство во Бугарија, Албанија и Грција;
- Да се признае македонскиот јазик како малцински во земјите-членки;
- Да се воведат механизми што ќе ги бранат правата на Македонците и ќе ја запрат двојната политика на Брисел.
Доколку ЕУ сака да биде принципиелна, оваа декларација ќе мора да влезе во европските документи.
Ако не ,ќе покаже дека лицемерието е нејзино вистинско лице.
КОНЕЧНО ВРЕМЕ ЗА КОНТРАНАПАД
Ова е шанса Македонија да тргне во контранапад:
- Нема права за Бугарите во Македонија без права за Македонците во Бугарија;
- Нема уставни измени под уцена, додека Европа не ја осуди бугарската политика на бришење на Македонците;
- Мицкоски мора оваа декларација да ја вгради во македонската дипломатска стратегија како платформа за реципроцитет, достоинство и правичност.
Досега нè тераа да молчиме, сега е време да говориме , и тоа со факти, документи, и со силата на европските вредности што се претворија во наше оружје.

МИЦКОСКИ – ЧОВЕКОТ НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО
Додека некои глумаа Европа, а потпишуваа капитулација, Мицкоски одбра тежок, но исправен пат ,без откажување од јазик, историја и идентитет.
Сега, кога Европа за првпат застана зад Македонците во Пирин, тој има обврска , и поддршка , да поведе една нова надворешна политика: Македонија како рамноправна, не понизна држава.
Финале:
Декларацијата на Европската слободна алијанса не е само симболика.
Таа е оружје!
Оружје за вистината, за историјата, за сите обесправени Македонци во Пирин и Голо Брдо.
Сега сме повикани да го искористиме тоа оружје.
Ако не сега –,тогаш кога?
Ако не ние , тогаш кој?

